Ренџерите од Националниот парк „Пелистер“ снимиле едно мало мече како се симнува од дрво на планината „Баба“, а според нивна процена станува збор за младо мече, кое е старо околу 2,5 години.
Инаку видеото е објавено на Фејсбук групата „Зелена берза“ и брзо привлече големо внимание кај следбениците.
За потсетување. Се смета дека кафеавата мечка е заштитен знак на националниот парк „Пелистер“.
Овој вид е присутен на ова поднебје од памтивек.
Големината на популацијата на Баба Планина се смета дека се состои од 25-35 единки.
Бидејќи главно е активна во ноќните часови нејзината бројност со сигурност тешко може да се одреди.
Но, од она што може да се види е дека тезата оти од мечка можеш да избегаш ако се качиш на дрво е погрешна – особено ако се земе предвид ова кратко видео.