95
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска на социјалната мрежа Инстаграм изјави дека говорниците во Нови Сад готвењето го разбираат исто како и политиката.
Се симнав во кујната овде во Претседателството, како да им помогнам да го подготват денешниот ручек“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
View this post on Instagram
Како што додаде, веднаш сфатил дека ја разбира подготовката на храна „исто како што тие што држеле говори во Нови Сад разбираат политика“. Денеска мучкалица, но без гибаница нема ништо“, додаде тој.
Во разговор со вработените во кујната на Претседателството, Вучиќ им рекол слободно да му кажат дали нешто треба да се реновира.
Да потсетиме, на протестот во Нови Сад говореа Иван Ивановиќ, Драган Бјелогрлиќ, Зоран Кесиќ и Јелена Обучина.