ВИДЕО: Што се случува кога „чаламџија“ ќе си купи Ауди?

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Во англискиот град Престон се случи сообраќајна несреќа во која настрада едно „Ауди Р-8“, а снимката од сето тоа стана интернет хит.

Имено, возачот посакал да се направи фраер, па веднаш по излегувањето од кружниот тек „дава гас до даска“.

Но, на тој начин само успева да удри во бандера и да му нанесе огромна штета на автомобилот.

Поправката ќе го чини „фалбаџијава“ прилично многу.