Головите од и зад централната линија на теренот не се невообичаени за машкиот фудбал. Особено во последниве години се почесто може да се видат импресивни погодоци. Во женскиот фудбал од објасниви причини не е така. Сепак, тој толку многу се разви во последниве години така што за најдобрите веќе нема невозможни нешта.
Изминатата ноќ фудбалерка на САД стана светска шампионка за рекорден трет пат, откако ја победија Јапонија со 5:2. Големиот херој за Америка беше капитенката Карли Лојд, која постигна хет-трик во рамките на 13 минути игра – меѓу 3-та и 16-та, за да му обезбеди на својот тим неодолива победа.
Најимпресивниот момент од финалето дојде во 16-тата минута, кога Лојд ја презеде топката пред центарот во својата половина, технички го помина противникот и со шут од централната линија ја совлада јапонската голманка Аиуми Каихори, за да направи 4:0.
Со тој погодок 31-годишната напаѓачка на “Houston Dash” ја зголеми својата гол листа на шест и ја подели награда за најдобар стрелец со Германката Селин Шашич. Освен тоа Американката беше избрана за најдобра фудбалерка на шампионатот.
