ВИДЕО: Силен земјотрес ја погоди Русија

од Stefanija Kuzmanovska
206 прегледи

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа Иркутск во Русија, недалеку од Бајкалското Езеро, соопшти републичкиот штаб на министерството за вонредни ситуации на таа земја, пренесе ТАСС.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот бил со јачина од 4,9 степени.

Земјотресот се случил на 33 километри западно од селото Посолскоје.

Земјотресот бил почувствуван и во блискиот регион Бурјатија и главниот град на тој регион Улан-Уде.

Кабинетот на градоначалникот на Улан Уде извести дека мобилните тимови почнале да ги проверуваат зградите и станбените објекти, но дека засега нема извештаи за штети или повредени.

Слични содржини