Силен земјотрес со епицентар на 15 километри североисточно од Стариград Пакленица е забележан вечерва од сеизмографи на Сеизмолошката служба на Република Хрватска. Магнитудата на земјотресот бил 4,8 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил шест степени според ЕМС.
Земјотресот е регистриран во 18 часот и 43 минути, а силно е почувствуван во јужна Далмација, околу Задар и во делови на Лика. Се уште нема информации за евентуална штета. Земјотресот бил почувствуван на многу пошироко подрачје, а почувствуван е и во Сплит, Загреб, Пула и на Брач, пишува „Блиц.рс“.
– Бев на море кога се случи земјотресот. Мојот брод се затресе. Како некој да фрлил динамит и тој експлодирал. За среќа, нема извештаи за штети или повредени, но луѓето се шокирани, изјави за „Вечерњи лист“ градоначалникот на Поседарје, Ивица Кланац.
foto: seizmološka služba rh