ВИДЕО: Синот на портпаролот на Путин во програма во живо прашан дали ќе оди во војна

од Stefanija Kuzmanovska
227 прегледи

Дмитриј Низовцев, водител на Популарната политика, канал на YouTube создаден од поддржувачите на Алексеј Навални, го повика Николај Песков, синот на портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, во живо на програмата.

Низовцев се претставил како воен службеник кој сакал да го мобилизира и му наредил да дојде на лекарски преглед следниот ден во 10 часот.

„Морате да разберете, ако знаете дека јас сум господин Песков, колку е погрешно јас да бидам таму. Накратко, ќе се занимавам со тоа на друго ниво“, одговори помладиот Песков.

Николај Песков исто така не се согласил да биде пријавен како волонтер, пренесува рускиот Insider.

„Морам да разберам генерално што се случува и какви права имам. Утре ако ме одведат, верувајте, тоа не ви треба ниту на вас, ниту на мене. Не ми е проблем да ја бранам татковината, но морам да сфатам која е придобивката од моето појавување таму, зборувам за одредени политички нијанси“, додаде тој.

За пријавувањето како волонтер, Песков рече: „Ќе го направам тоа што ќе ми се каже. Ако Владимир Путин рече дека треба да одам таму, ќе отидам“.

Видеото се прошири и на социјалните мрежи, но не може со сигурност да се докаже дека навистина станува збор за разговор со Николај Песков.

Слични содржини