60
Вооружен Сириец (41) влетал со комбе во неколку продавници во германскиот град Есен, заканувајќи се со оружје и запалил две станбени згради, при што повредил 31 лице, меѓу кои две деца, чии животи се во опасност, јавуваат германските медиуми.
Според Противпожарната служба и полицијата, тој во саботата нешто по 17 часот запалил станбена зграда, а потоа запалил и куќа во друга улица.
После тоа, со комбето влетал во излогот и фасадата на продавница за зеленчук, а потоа се упатил кон друга продавница, кога излегол и извадил мачета.
На социјалните мрежи се објавени видеа на кои се гледа како насилникот со оружје им се заканува на луѓето околу него. Случајните минувачи го држеле подалеку фрлајќи кон него разни предмети.