Херојот од Франција: 24-годишно момче се соочило со Сириецот кој нападна деца

од Stefanija Kuzmanovska

Херој на денот во Франција е млад човек по име Анри (24), кој спречил напаѓачот да повреди повеќе луѓе на езерото Анеси, на француските Алпи, откако започнал да го брка Сириецот кој со нож рани четири деца и возрасен човек.

Станува збор за млад аџија кој веќе два и пол месеци ги посетувал најубавите катедрали во Франција, а на социјалните мрежи се опишува како „филозоф и истражувач“, објави „Монд“.

Очевидци велат дека тој го удрил напаѓачот со ранецот и го бркал додека не дошла полицијата.

„Лудакот не се обидуваше да повреди возрасни, сакаше да убива деца“, пишува „Монд“.

Напаѓачот потоа три пати избодел маж (70) кој се обидувал да ја заштити сопругата.

Полицијата потоа отворила оган и ненамерно повредила постар човек, а потоа успеала да го совлада напаѓачот на неколку метри од езерото, кај кого пронашла привезок во форма на распетие и две слики од Богородица и Христос.

Две деца и еден возрасен и утринава се во тешка состојба, а полицијата во четвртокот соопшти дека Сириец избодел четири деца на возраст од 22 месеци до три години и еден возрасен човек, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини