
Сириската армија покажа арсенал на оружје, запленето во областите Ал Ашар, Субејхан и Салихи во југоисточниот дел на провинцијата Дејр ез Зор.
Видеото со оружјето беше објавено на YouTube од страна на новинската агенција САНА.
Сириските воени сили заплениле неколку илјади огнено оружје, резерви од буриња за против авионски летала големо калибарски митралези и др.
Покрај тоа, биле запленети неколку артилериски топови. Претходно, беше објавено дека меѓу оружјето пронајдено во магацините на терористите имало оние произведени во САД и Европа.
Во октомври, претставници на сириската армија изјавија дека е пронајдено оружје од Белгија, Велика Британија и Израел. Како што истакна сириската војска, радикалните терористи имале оружје купено со програмите на Пентагон за помош на американските сојузници.