Долги часови насилство, борба да се преживее и опстане. Сведочења на тие што беа нападнати во Собранието на 27 април, за што размислувале при соочувањето со маскираните и вооружени напаѓачи. ТВ канал Вис во четири продолженија ја пренесува атмосферата од и деталите лично од жртвите на насилството, „27 април во прво лице“.
–Ни во најлошите сценарија ни во најлошите соништа не очекував дека може да влезе и да се впушти толпа од луѓе во Собранието.Видов дека некој вратите ги отвори и луѓето почнаа да велгуваат, раскажува Љупчо Николовски.
-Во ликовите кои влегоа се гледаше многу жед за крв, а во ликовите на останатите жед за живот, објаснува Дамјан Манчевски.
-Не мислев дека вратите некој може да ги отвори внатре и да влезе толпа луѓе сметав дека тука се припадниците на МВР за да не заштитат.Ова беше една разгневена толпа..Кога се симнувавме во прес центарот по скалите не пречекаа 30-тина лица со качунки на главите Сашо Тасевски рече да застанат ги предупред и го извади пиштолот..И по куршумите не беа педупредени напаѓачите во прес салата, вели Оливер Спасовски.
Не фати страв за пратениците кои беа качени горе на галеријата бидејќи и таму имаше толпа луѓе влезени бидејќи имаше пратенички кои можеа да бидат бутнати и да паднат од оградата. Во тој момент ни текна да ставиме клупи за да се симнат по таа импровизирана скала, вели Дамјан Манчевски.
Влезе топлпата во прес центраот. Сите бевме во ќош..заложничката драма траеше околу 2 часа.Бевме нападнати со сите можни предмети и тупаници, вели Оливер Спасовски.
Авторите од ТВ Канал Вис велат дека и покрај обидите, не успеале да ја добијат и верзијата на втората страна, односно дел од оние што упаднаа во Собранието.