(ВИДЕО)Скандал во Истанбул: Турски навивачи провоцираа украински клуб со „Владимир Путин“

од Nikola Popovski
304 прегледи

Фудбалерите на Динамо Киев се пласираа во 3. коло од квалификациите за Лигата на шампионите откако по продолженијата го совладаа Фенербахче (2:1). Сепак мечот помина и во знак на навивачите на домашната екипа.

Поточно што имаа да им кажат на гостите од Украина.

Од грлата на огромниот број навивачи на клубот од Истанбул во неколку наврати се извикуваше „Владимир Путин“, со што приврзаниците на еден од најпопуларните турски клубови ги провоцираа гостите, а покажаа и кој тие поддржуваат во конфликтот меѓу двете страни во војната.

Останува да видиме како УЕФА ќе реагира на сето ова.

Што се однесува до натрепварот, Бујалски ги доведе гостите во водство во 57. минута. Неколку минути пред тоа останаа со десетмина, бидејќи Јукишек доби втор жолт картон. Во 70. минута Валенсија промаши пенал и се чинеше дека Фенер ќе биде елиминиран, но во 89. Салаи израмни и натпреварот отиде во продолженија. Таму во 114. минута Караваев постигна гол вреден за триумф и пласман во следната фаза од натпреварувањето.

Слични содржини