Швајцарката Џеси Синг снимила во околината на нејзиниот роден град Берн чуден летечки објект со форма на вертикален цилиндар кој виси доста време во небото. Кога одеднаш објектот прелетал кон блиската шума, кај Џеси не останал сомнеж дека сликала НЛО, информира esoreiter.ru .
Мнозина сметаат дека самовили, гномови, џуџиња и други фантастични суштества здоаѓаат од паралелни светови. Џон Ратлиџ од Велс, кој успеал по среќна случајност да сними самовили во Њупорт, пак претпоставува дека тие се вонземјани. На сликите кои тој ги објави во социјалните мрежи, се гледа дека летаат мали суштества кои имаат човечки тела и крилја.
