(ВИДЕО) Со автомобил ја пробила блокадата, на хауба носела студент, насилство на Економски факултет во Србија

од Milan1
790 прегледи

Студенти на Економскиот факултет во Србија кои и денес блокираа улици, соопштија дека возило ја пробило блокадата, удрило во еден студент и го носело на хауба на улицата Караѓорѓева. По тој инцидент жената која го управувала автомобилот побегнала, а повредениот студент е префрлен во Ургентниот центар, пренесува „Нова.рс“.

„На денешната акција „Стоп Србија“ на улицата „Караѓорѓева“ во 11 часот и 52 минути, возило „Цитроен“ со белградски регистерски таблички насилно ја пробило блокадата удирајќи во еден од студентите на Економскиот факултет на Универзитетот во Белград. Без застанување, возилото продолжило да се движи додека студентот останал на хаубата. Тој по ненадејно свртување бил исфрлен од автомобилот и се повредил“, велат студентите.

Оттаму наведуваат дека, според неформалните изјави на очевидци од местото на настанот, возилото било управувано од женско лице, кое откако удрило со автомобилот во студентот побегнало од местото на настанот.

„Ученикот во моментов е во Ургентниот центар по интервенција на Брза помош. Нападот бил пријавен во полиција, која како сведоци повикала професор на Економскиот факултет и лице од студентската служба.

„Сведоците дадоа исказ во полициската станица Савски Венац“, велат студентите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ekof.blokada (@ekof.blokada)

Слични содржини