(ВИДЕО) Со камион полн со плински боци се залетал накај Барселона, полицијата пукала

од desk2
104 прегледи

Шпанската полиција пукала во возач на камион кој што бил полн со плински боци за да го спречи да предизвика катастрофа во центарот на Барселона, соопштуваат медиумите.

Возачот Јоаким Робин Бергрен со брзина поголема од 100 километри на час возел по спротивна лента накај градот.

Полицијата неколку минути го следела, па се одлучиле да пукаат кон камионот за да го примораат возачот да застане пред да се предизвика поголема катастрофа.

Во текот на бркотницата неколку големи боци со плин испаднале од камионот, но немало експлозија. Меѓутоа, едно лице е повредено бидејќи една боца паднала врз автомобил кој бил во движење.

Полицијата соопшти дека возачот е уапсен, истакнувајќи дека се уште не се познати причините зошто возел кон центарот на градот, не соопштувајќи дали се работи за терористички напад или не.

Министерот за внатрешни работи на Шпанија, Хуан Игњасио Зоидо смета дека мала е веројатноста ова да е терористички акт, со оглед на тоа дека уапсениот, државјанин на Шведска, имал историја на психички пореметувања.