
Намалувањето на процентот на сирмоштијата на 21, 5 проценти не е реален, бидејќи Државниот завод за статитика не ги зел предвид сите индикатори при мерењето сметаат од Платформата за борба против сиромаштијата, по вчерашниот Извештај на Државниот завод за статистика. Според Светска банка за екстремно сиромашен граѓанин се смета лице кое живее со помалку од 2 долари на ден. Од Платформата велат дека ако се земат предвид и лицата кои примаат социјална помош излегува дека тие граѓани денот го поминуваат со помалку од 50 денари в џеб.
Според евиденцијата на невладините здруженија кои се занимаваат со оваа проблематика во Скопје има над 300 бездомници без никакви примања и кров над глава. Здружението на граѓани „Љубезност“, за ваквите лица, секоја сабота приготвува околу 200 оброци кои им ги дели на сирмомашните во близина на Спомен-куќата на Мајка Тереза.
Целиот текст можете да го прочитате на изворот тв21