(ВИДЕО) Спасовски: Ќе ја оставиме зад нас деценијата од најбруталната узурпација на нашата земја

од Vladimir Zorba
106 прегледи

„Ние граѓаните се обврзавме да ја браниме својата независност, кога на 8 септември 1991 година изгласавме Независна Република Македонија. Првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров и првиот премиер Никола Кљусев покажаа како можеме заедно и како треба да работиме заедно, кога се во прашање интересите на државата“, изјави денеска во своето обраќање Oливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ,.

oliver

„25 години поминаа оттогаш. Трнлив е патот на зрелоста. Поминавме низ сериозни предизвици кои ја искушуваа нашата волја, нашата издржливост, нашата посветеност, нашата мотивираност. Ги надминавме! Малку остана до моментот кога ќе ја оставиме зад нас деценијата од најбруталната узурпација на нашите животи и нашата земја“, вели меѓудругото министерот Спасовски.