(ВИДЕО) Спасовски со corpus delicti: Чавков лаже дека Горан Грујевски е на боледување, го крие?!

од desk3
125 прегледи

Денеска ќе го отворам прашањето, дали министерот за внатрешни работи, Митко Чавков го брани началникот на петтата управа Горан Грујевски, кој е под истрага на СЈО.

Чавков тврди дека против Грујовски, осомничен за уништување системи за нелегално прислушување не може да преземе соодветни правни постапки, затоа што Горан Грујевски бил на боледување.

Ова е аргумент контра тврдењата на Чавков.

Ова е извод од Управата за јавни приходи од којшто може да се види дека Горан Грујевски прима целата плата!

Овој документ упатува на тоа дека Грујевски не е на боледување, а министерот Чавков лаже.

Доколку е така, Чавков влегол во сериозно дело попречување правна постапка против осомничен за сериозно кривично дело, скандал со нелегално прислушување.

Барам од надлежните институции да проверат дали министерот за внатрешни работи Чавков ја злоупотребува својата службена положба и го крие Грујевски. Ако е така институциите мора да преземат соодветни мерки против Чавков.

Дури и Грујевски да е на боледување, но е привилегиран од неговиот шеф Чавков и ја зема цела плата, министерот Чавков го крши законот.

Ниеден граѓанин во Македонија не зема цела плата додека е на боледување.

Предупредуваме дека институциите во Македонија и вработените во нив се должни да работат според законите и Уставот на Република Македонија.

Порачуваме дека оваа криминална власт е во заминување и дека секој кој работел противзаконски или бил соучесник, многу брзо ќе се најде пред лицето на правдата.

Одговори на новинарски прашања

Медиуми: Зошто ингеренциите на министерот за внатрешни работи се важната работа околу којашто партиите не можат да се усогласат и стојат на своите цврсти ставови на преговарачката маса?

Спасовски: Согласно Законот за Влада со МВР раководи министерот за внатрешни работи, како што со другите министерства раководат министрите во нив. И ако ја преземате целосната одговорност во функционирањето на кое било од министерствата, па и за ова министерство, од исклучителна важност е да ги имате сите можности и ингеренции да управувате со нив, затоа што постојат разни предизвици коишто стојат пред ова министерство, безбедноста и сигурноста на граѓаните на Македонија е врвен приоритет, и само со целосно управувано министерство може да се преземе и целосната одговорност. Впрочем тоа е и според Уставот и според законите. Никој нема право да ограничува ингеренции на кој било носител на државна функција, што му следуваат според Уставот и законот, а од друга страна да бара одговорност за постапките или одговорност за управувањето со ова министерство, затоа е важно.

Медиуми: Меѓутоа една недела партиите се заглавени на тоа прашање, дали може да доведе до договор?

Спасовски: Не, една недела партиите разговараат и преговараат за да овозможат фер и демократски и слободни избори и тука се сите прашања отворени на маса.

Слични содржини