Експертите најавуваат дека претседателот Ѓорге Иванов и поранешниот премиер Никола Груевски можат да се соочат со остри санкции од Европската унија доколку пораките на шефот на европската дипломатија Федерика Могерини останат без ефект, информира Алсат М.

Поранешниот амбасадор Нано Ружин вели дека една од санкциите би била нивно нивна комплетна изолација.
Исмет Рамадани од Евроатланскиот совет пак смета дека овој пат пристапот на Европската унија кон Македонија ќе биде посериозен.
“Оваа недела ќе биде многу интензивна во ангажманот на многу фактори кои треба да влијаат во решавањето на прашањето за кое се загрижени ЕУ и НАТО имајќи ја предвид и геополитичка криза, особено мешањето на Русија. Тоа набргу ќе доведе до политичка и дипломатска битка тука во Скопје за да не остави простор и време во Скопје да се инсталира опасната политика на Русија“. – изјави Исмет Рамадани.
Целиот текст можете да го прочитате тука