(ВИДЕО): Спортистка објави снимка од сместувањето во Македонија, се урнал плафанот од бањата

од Milan1
1,3K прегледи

Млада спортистка од Шпанија, која учествува на Европскиот младински олимписки фестивал во нашата земја со својата репрезентација, на „ТикТок“ сподели снимка од бањата во сместувањето, каде паднал поголемиот дел од една плоча од спуштениот плафон, отворајќи голема дупка на таванот.

„Не поминаа ни 72 часа, а веќе падна покривот во бањата“, пишува Шпанката во објавата, која е проследена и со коментарот: „Уникатно искуство“.

@anaestrellaa_ JAJAJAJA no tenemos ni más de 72h y ya se nos cae el techo #macedonia🇲🇰 #juegosolimpicosjiveniles #techo ♬ Jet2 Advert – ✈️A7-BBH | MAN 🇬🇧

Слични содржини