(ВИДЕО) Средба Груевски- Хојт Ји: За ВМРО-ДПМНЕ од стратешки интерес останува членството во НАТО

од desk3
90 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Никола Груевски денес оствари средба со заменик помошникот државен сектратар задолжен за прашања за Европа и Азија г-дин Хојт Брајан Ји.

На средбата се разговараше за повеќе актуелни теми врзани со надминувањето на политичката криза во државата, за начините и модалитетите за излез, како и за остварување на стратешките цели на државта во поглед на реализација на интеграциските процеси.

-Хојт-Ји-Никола-Груевски-18.05.2016

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски посочи дека партијата е насочена и посветена кон изнаоѓање на решенија кои се во насока на почитување на волјата на граѓаните и во функција на надминување актуелната политичка криза и креирање на услови за напредок.

Соговорниците разговараа и за реформите за унапредување на состојбите во различните сфери кои се поврзани со интеграциските состојби. Груевски посочи дека приоритет се чекорите кои се поврзани со акцискиот план на ЕУ во насока на континуирано унапредување на стандардите во повеќе области поврзани со интеграциските процеси.

Средба Заев- Хојт Ји: Насилното поништување на техничката влада ја усложнува длабоката криза

Груевски истакна дека приоритет останува и развојот на економијата, отворањето на нови работни места и заштита и унапредување на животниот стандард останува главна задача во политиките на ВМРО-ДПМНЕ.grujo

Груевски истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ од стратешки интерес останува членството во НАТО алијансата како и интеграцијата во Европската Унија при што е исклучително важна поддршката од различните партнери во остварувањето на зацртаните цели.

Слични содржини