(ВИДЕО) Среде прес-конференција српски новинар прободен со нож

од desk3
66 прегледи

 

Новинарот од српското списание „Ужичка недела“ Милан Ѓокиќ беше нападнат денеска на прес-конференција во градскиот совет во Ужице, јави Танјуг.

Според портпаролката на градскиот совет новинарот бил прободен со нож, по што напаѓачот се обидел да избега, но полицијата успеала да го фати и уапси.

Повредениот новинар е хоспитализиран со тешки телесни повреди.