(ВИДЕО) Стечајците повторно на улица: Ако може било кој да стопира возови и да поставува шатори, и ние ќе почнеме исто

од desk3
109 прегледи

Доколку не се реши проблемот на стечајците, тие ќе почнат со засилени протести, а доколку Груевски не им ги врати парите, кои според нив, тој ги украл од државата, тие велат дека ќе протестираат со глад за време на изборите-јави А1он.

– Од 4 илјади стечајци, над 2 илјади има што им е укината стрјата, живеат како во 19 век. Ако може било кој да стопира возови и да поставува шатори, и ние ќе почнеме исто. За 10 дена ќе се блокира патарината Скопје-Куманово, а потоа ќе се блокира граничниот премин Табановце или пак владата. Последно, на самите избори ќе протестираме со глад. Па или ќе не реши општеството, или ќе не покопаат, и онака сме изнемоштени, вели претседателката на синдикатот, Лиле Георгиевска.

Повеќе ТУКА