(ВИДЕО) Стивен Сегал, снимен на воена парада во Москва

од Milan1
103 прегледи

Актерот Стивен Сигал беше меѓу гостите на денешната воена парада во Москва по повод Денот на победата над фашизмот, а беше забележан во кадарот за време на преносот во живо како ја гледа парадата на тенковите од Втората светска војна.

Неговото појавување на парадата не е изненадување со оглед на тоа што холивудскиот актер е долгогодишен пријател на рускиот претседател Владимир Путин, па дури и се приклучил на партија блиска до Кремљ.

Сегал официјално е руски државјанин од 2016 година, а ја извршува и функцијата специјален претставник на руското Министерство за надворешни работи за хуманитарни односи меѓу Русија и Соединетите Американски Држави.

Сегал никогаш не ја криел својата поддршка за рускиот претседател Владимир Путин, нарекувајќи го „еден од најголемите светски лидери, ако не и најдобриот, што е жив денес“.

Тој постојано изразуваше недвосмислена поддршка за Путин и руската армија во инвазијата на Украина.

Путин го одликуваше Стивен Сигал со Орден за пријателство.

Слични содржини