Стотици илјади Италијанци се собраа на местото на античкиот стадион Circus Maximus во Рим со инсистирање Владата да се откаже од законот, легализација на соживотот на истополови парови, дозволувајќи им право да посвојуваат деца.

Законот беше поднесен минатата недела во парламентот и би требало да биде подложен на гласање во февруари. Но дури и во Владата владее длабока поделба по прашањето и министерот за внатрешни работи Анџелина Алфано од малата Нова десно-центристичка партија (NCD) објави на “Твитер” дека го поддржува саботниот протест.
Демонстрантите беа донесени со автобуси и возови, а еден од организаторите рече дека сите сакаат законот да биде повлечен безусловно.

Симоне Кула изјави за “Ројтерс” дека особено не го прифаќа делот со кој им се овозможува на хомосексуалните да ги посвојуваат биолошките деца на својот партнер. Критичарите на проектот велат дека така требало да се стимулира сурогат мајчинство, што е забрането во Италија.
“Не можеме да дозволиме децата да плаќаат за желбите и каприците на возрасните. Децата имаат потреба од мајка и татко”, објаснува Кула.
Пред една недела во Рим имаше големи демонстрации со повик да биде усвоен законот за граѓанските здруженија, предвиден да дејствува како за хетеросексуални, така и за хомосексуални парови. Денес организаторите смело тврдеа дека се собрале 2 милиони луѓе, додека полицијата потсети дека на поранешното поле за коњски трки на Антички Рим може да се соберат не повеќе од 350 00 лица. Најновите анкети покажуваат дека 70% од Италијанците сметаат дека на истополовите двојки им треба некаква правна заштита, вклучувајќи ги наследните права. Но, кога станува збор за посвојување на деца, само 24% го одобруваат.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=UvrfWzYPH2U