(ВИДЕО) Страшен пад на Линѕи Вон, пак го повреди коленото

од Vladimir Zorba
62 прегледи

Американската скијачка Линдзи Вон доживеа страшен пад на денешната трка во супервелеслалом што се одржа во Андора и од патеката беше изнесена на носилки. Лекарскиот тим дополнително ќе ја проверува нејзината здравствена состојба во текот на денот, а можно е да замине на детални прегледи и во болница.

Таа не успеа да го одржи своето движење и со голема брзина се удри во заштитната ограда. Првичните информации се дека сепак не се работи за многу сериозни повреди кај Линдзи Вон.