
Патнички воз на железничката компанија Amtrak излета од шините и падна врз преполн автопат со возила. Несреќата се случила во американската држава Вашингтон, во близина на Сиетл. Локалните медиуми објавија информации дека има повеќе жртви.

Властите сè уште не го потврдија инцидентот, објавија CNBC. Причините за трагедијата не се јасни.