
Ирачката полиција откри затвор на “Исламска држава” (ИД) во Тал Афар, откако армијата успеа да го освои северниот ирачки град од џихадистичката група. Затворот е лоциран во населба во западниот дел на Тал Афар и на кадрите, распространети од властите, се гледаат лекови и аналгетици, за кои се смета дека борците на ИД се користеле.
Полицијата пронајде повеќе средства за мачења и апарати за електрични шок уреди, како и 18 тела. Ирачките сили соопштија дека ги контролираат сите 29 квартови на Тал Афар, но борбите продолжуваат во блискиот град Ал-Ајадија – последниот бастион на ИД во провинцијата Ниневија.
Во Ал-Ајадија минува единствениот пат по кој џихадисти, се извлекле од Тал Афар, можат да избегаат во соседна Сирија, каде групата се уште контролира големи територии.