Познатиот уругвајски фудбалер Луис Суарез не настапи на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, но со едноставен потег го привлече вниманието.
Суарез го привлекуваше вниманиетосо неспортските потези на теренот и надвор од него, но овојпат покажа голема почит кон Манчестер Сити.
Неговиот Атлетико Мадрид беше поразен со минимални 0:1 на Етихад во првиот натпревар, па има реални шанси во реваншот на својот стадион.
Luis Suárez. Respect. @LuisSuarez9 | @atletienglish | #UCL pic.twitter.com/VqoiS5b0GF
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) April 5, 2022
Уругваецот по пристигнувањето на стадионот одеднаш се најде пред големиот грб на Манчестер Сити во ходниците од стадионот. Кога го виде грбот се погрижи да не го згази, избегнувајќи го и така привлече големо внимание.
УЕФА му честиташе на Луис Суарез за неговата почит кон ривалот, а многу фанови беа воодушевени.