(ВИДЕО) Судот сепак ги осуди силувачите од ,,Волчјиот чопор “

од desk2
185 прегледи

Врховниот суд на Шпанија , по масовните протести низ целата земја , конечно им додели казна од 15 години затвор за петмината силувачи , кои добија само опомена од понискиот суд за сексуално вознемирување.

Петмината силувачи , кои себе се нарекуваат ,,Волчји чопор “ , брутално силуваа девојка во Памплона во 2016 во време на одржување на фестивалот . На еден од петмината судот му одреди уште две години затвор , зашто на жртвата и го украл мобилниот. Во цела Шапнија се одржуваа масовни протести , на кои се бараше затворска казна за силувачите , кои претходно судот во Памплона ги ослободи со опомена за сексуално вознемирување.

Судот во Памплона ја испрашувал силуваната девојка , како таа да е виновна за бруталниот напад , што доплонително предизвика реакции во јавноста. Судијата дури и ја обвини жртвата затоа што не пружала доволно отпор и немала видливи повреди по телото . Петмината силувачи , откако брутално ја силувале девојката , се фотографирале со неа и снимките ги објавиле на социјалните мрежи .

Од 2016 година пред секој фестивал во Памплона , каде доаѓаат туристи од целиот свет , на социјалните мрежи се објавува предупредување дека во градот се силуваат туристки , така што бројот на гости драстично е намален последните години.