(ВИДЕО) Супер вулкан во Италија може да ја затруе Европа: Постои огромна веројатност да еруптира наскоро

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Научниците се сигурни дека претстои ново избувнување и е можно тоа да се случи во блиска иднина.

1477630506-655-402-dupka-1

Крајбрежјето на Неаполскиот залив е едно од најгусто населените места во Италија. Околу него живеат над 4,4 милиони луѓе, иако во близина се наоѓа активниот вулкан Везув, познат по опустошувачките ерупции во минатото.
Самиот залив сепак крие многу поголема опасност под плитките води. Оваа опасност сосема јасно се манифестира во западниот дел – областа кампања флегреи – национален парк од 2003 година, кој се наоѓа среде вграден пејзаж на крајбрежјето.

Тука земјата буквално врие и врие во бројни мали кратери. Местото е на периферијата на супервулканот чиј кратер е широк околу 15 километри и се протега под водите на Неаполскиот залив.

Тој крие многу голема моќ поголема од онаа на Везув, кој за последен пат еруптира пред околу 39 илјади години. Тогаш тој ги уништи во голем дел од неандерталците, кои живеат во Европа, отворајќи го патот за доселувањето на нашите предци од видот Homo sapiens, пшат Dailymail, Reuters, BBC,.

Супервулканот исфрла 200 кубни километри магма и над 500 кубни километри пепел. Секаков живот на растојание над 100 километри е буквално уништен од огнениотта бран. Ветровите ја насочуваат пепелта, го затвораат сонцето,а кон Централна и Источна Европа, каде поголема од живите суштества исто загинуваат. Глобално настапува кратко леденото доба. Траги од ерупцијата се најдени во вечните мраз на Гренланд.

Во антиката го нарекувале Кампи флегреи – “Вратата кон пеколот”, но во последните четири децении активноста на сеизмичките процеси расте. Од 1970 година највисоката точка во месноста – “Монте Нуово” се зголеми за 2 метри.

Всушност, научниците се сигурни дека супервулканот ќе експлодира повторно и тоа е многу веројатно да се случи во наредните децении.

Затоа во 2009 година стартува проектот за дупчење на длабочина од 3,5 километри, во близина на Неапол. Се претпоставува дека магмамата на супервулканот се наоѓа на длабочина од околу 8 километри и дупчењето со камера ќе даде информации за претстојната ерупција, доволно рано за да може да се преземат какви било мерки и евакуација на регионот.

Во 2010 година, сепак, Градскиот совет на Неапол го запира проектот, поради загриженоста дека дупчењето само по себе може да предизвика нова ерупција. Во 2012 година новиот градоначалник на градот, кој ја прзел функцијата по локалните избори претходната година, дава дозвола Дупчењето да продолжи. Во моментов сондата веќе достигнала на длабочина скоро 2,7 километри, и научниците поставуваат систем од сензори под површината на заливот, за да подобро ги следат промените при сеизмичката активност.