Фундаментот без кој што е невозможено да се стигне таму каде што денес е САЕ Тигар – високопрофесионална единица, стандардизирана, како на ниво на стручни перформанси така и на ниво на оперативна моќ и ефикасност, на исто рамниште како и
останатите истородни полициски единици во Европа и во светот – се нејзините припадници, човечкиот капитал на оваа Единица, пишува на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
ТОј додава дека нивниот труд, знаење, стручност, но и професионален и човечки интегритет, достоинственост и пожртвуваност се вградени во кредибилитетот на Единицата ТИГАР.
-Оттаму, сосема е логично оваа специјализирана полициска служба, како една од најсложените во безбедносната структура на Министерството, секогаш да биде целосно подготвена, крајно ефикасна и остручена, технички и кадровски опремена до перфекција, а сето тоа во име на специфичните, сложени задачи и динамични предизвици што пред неа се поставуваат во секојдневното работење, напиша Спасовски.