(ВИДЕО) Татко на загинат припадник на ОВК не му дозволи на Ахмети да стави цвеќе на гробот од неговиот син

од Nikola Popovski
513 прегледи

Вчера дошло до непријатна ситуација во кумановско Слупчане, на комеморативна церемонија по повод смртта на поранешните припадници на ОВК, на која присуствувал лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Како што објавија дел од албанските медиуми, татко на погинат припадник на ОВК, Али Махмути не му дозволил на Ахмети да стави цвеќе на гробот од неговиот син. Тој само со раката му дал знак да продолжи понатаму.

Според информациите, Махмути е од Синѓелиќ, а неговиот син загинал во борбите кај Матејче во конфликтот во 2001 година.

Слични содржини