(ВИДЕО) Темелковски: Во недела секој глас е важен

од desk4
166 прегледи

Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода од коалицијата предводена од СДСМ, Филип Темелковски денеска ја заврши кампањата пред вториот круг од локалните избори кои што ќе се одржат во недела.

– Остана многу малку време кое нѐ дели од одлучувачкиот момент. Дозволете да ви се заблагодарам за поддршката која ми ја дадовте во првиот круг и која се надевам дека ќе ја добиеме и на 29 Октомври. Во недела е важно да излезете на гласачкото место и да го заокружите бројот 19, рече Темелковски.

Тој кажа дека секој глас е важен и им порача на граѓаните да не ја пропуштаат можноста Кисела Вода да ја направат убаво место за живеење.