
Истрели биле слушнати во зградата на иранскиот парламент. Според медиумите од блискоисточната држава има најмалку еден повреден.
Според достапните информации тој застрелан во ногата. Некои извори пренесуваат дека напаѓачот има преземено неколку заложници. Областа околу зградата во центарот на Техеран е блокирана.
Други извори велат дека напаѓачите може дури и да се тројца, а не еден. Иранските новински агенции Фарс и Мехр пренесуваат вонредна вест: “Човек влегол во иранскиот парламент и отворил оган врз обезбедувањето. Успеал да погоди еден од нив во ногата, по што избегал”.
Иранскиот пратеник Ранџбарзаде, вели дека напаѓаот веќе е уапсен. Според други податоци, најмалку две лица се повредени во нападот.
Мотивите на напаѓачот се уште не се непознати. Ројтерс пренесува, според зборовите на очевидци дека пред зградата на меџлисот се собрале голем број полицајци и инцидентот веќе е завршен. Маж отворил оган во гробницата на ајатолахот Хомеини во јужен Техеран и рани неколку лица, соопшти иранската агенција Фарс, цитирана од светските агенции.