Вечерва на социјалните мрежи се појави ново видео од инцидентите кои настанаа на протестот во Тетово, а од снимката се гледа како еден човек се обидува да нападне полициски службеник.
Тој во рака држи бетонска цигла, а во повеќе наврати замавнува со циглата кон главата на еден од полицајците.
Од МВР за „Локално“ информираат дека за време на протестот во Тетово уапсени се три лица , додека 4 полицајци поминале со лесни повред.
Оттаму додаваат дека се превземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот.
Роднините на трагично загинатите во модуларната ковид болница денеска одржа протест, притоа барајќи правда за нивните сакни.Револтираните граѓани се упатија кон седиштето на општина Тетово, каде што одржа говор, а потоа со јајца гаѓаа кон зградат на општината.
Во пожарот во модуларната болница, кој избувна вечерта на 8 септември, животот го загубија 14 лица, а 12 беа повредени.