Републиканскиот конгресмен во Претставничкиот дом на САД, Тим Волберг, предлага, како што може да се слушне на едно видео кое кружи на социјалните мрежи, да се фрли нуклеарна бомба врз Појасот Газа, но од неговиот кабинет тврдат дека тој зборувал „метафорично“ за да ја покаже „итната потреба од брза победа над овие непријатели“, пренесува „Вашингтон пост“.
Весникот се повикува на видеоснимка од политичарот кој зборува пред своите гласачи во Мичиген. Еден од учесниците на состанокот прашал за плановите на Вашингтон да изгради пловечки док на крајбрежјето на Појасот Газа за испорака на хуманитарна помош.
„Ние (Американците) не треба да трошиме ни цент за хуманитарна помош. Треба да биде како Нагасаки и Хирошима. Треба набрзина да се справиме со тоа“, одговорил Волберг.
Michigan Congressman Tim Walberg, pastor and “good” Christian, talks about his solution for #Gaza: Give it the Hiroshima treatment. “Get it over quick.”
A sitting US Rep in a secret town hall feels comfortable musing positively about genocide. Listen. Share.#DemCastMI #DemCast pic.twitter.com/6BQGfWMVjZ
— JMS 🫱🏻✋🏻 #DemCastMI (@WhitchMI) March 30, 2024
Канцеларијата на конгресменот му доставила на „Вашингтон пост“ аудио снимка од говорот, а во своето соопштение тврди дека Валберг „јасно користи метафора за поддршка на брзата елиминација на Хамас од страна на Израел, што е најдобрата шанса да се спасат животи долгорочно и единствената надеж за постигнување постојан мир во регионот“.
Откако Волберг предложил „брзо да се заврши“ во Појасот Газа, тој додал дека истото треба да се направи и во Украина, посочува весникот.
„Победете го [рускиот претседател Владимир] Путин брзо. Наместо [80 отсто] во Украина да се користат за хуманитарни цели, треба да биде 80 до 100 отсто за да се избрише Русија – ако тоа е она што сакаме да го направиме,“ продолжил Волберг.
Својата споредба на Појасот Газа и Украина со јапонските градови Хирошима и Нагасаки, на кои САД фрлија атомски бомби, Волберг подоцна ја објасни со желбата за брза победа во конфликтите.
„Како дете кое растеше за време на Студената војна, последното нешто за што би се залагал е употребата на нуклеарно оружје. Во скратеното видео користев метафора за да зборувам за потребата Израел и Украина да победат во своите војни брзо, без да ја изложуваме на ризик американската војска,“ објаснил конгресменот.
Во Мичиген живее едно од најголемите арапско-американски и муслимански заедници во САД со околу 300.000 луѓе кои тврдат дека имаат потекло од Блискиот Исток или од Северна Африка, а пристапот на САД кон војната стана главно политичко прашање за 2024 година.