(ВИДЕО) Трамп се изјасни ПРОТИВ абортусот и ЗА оружјето, ги прифаќа хомосексуалните бракови

од desk3
93 прегледи

Доналд Трамп го даде своето прво телевизиско интервју по победата на претседателските избори во САД, соопшти Франс прес. Во интервјуто емитувано од телевизијата Си-Би-Ес, Трамп изрази позиции против абортусот и поддршка на поседувањето на оружје, и рече дека ги прифаќа хомосексуалните бракови, цитиран од БиТиВи.

image_5872794_126
Бизнисменот се обиде да ги смири тензиите, кои ја опфатија земјата по неговиот избор. “Не се плашете, ќе и надоместиме на нашата земја”, рече тој, обраќајки се кон илјадниците демонстранти кои протестираат веќе неколку дена во големите градови на САД. Тој ги осуди насилните дејства и малтретирањето на малцинствата (муслимани, црнци и латиноси), кои според некои демократи се зголемија откако Трамп беше избран за претседател.
Во интервјуто, направено во неговиот дом во Њујорк, новоизбраниот претседател потврди дека ќе номинира во Врховниот суд судии, кои се против абортусот и кои поддржуваат поседување на оружје. “Еве што ќе се случи. Јас сум бранител на животот и судиите ќе бидат бранители на животот”, рече Трамп. “Тие ќе бидат силни поддржувачи на Вториот амандман” на уставот, кој наведува дека е право на секој американски државјанин да поседува оружје.

https://youtu.be/pQkY9UZpkhs

Трамп ќе треба да назначи еден судија во Врховниот суд, бидејќи едно од местата во него е испразнето. Тој ќе може да направи и уште назначувања за време на својот мандат, ако некој од другите судии умре или се пензионира. Во однос на абортусот Трамп смета дека последниот збор треба да биде на одделните држави, од кои секој треба да има можност сама да донесува законски мерки по прашањето. Новоизбраниот претседател рече дека нема да покренува за ревизија за прашањето со хомосексуалните бракови и потсети дека Врховниот суд веќе се произнел во поддршка на бракот меѓу лица од ист пол. Тој рече дека ќе се откаже платата како претседател, што изнесува околу 400 000 долари годишно. “Не нема да ја прифатам оваа плата. Нема да ја прифатам”, рече бизнисменот. Во интервјуто, од кое извадоци беа објавени во текот на викендот, Трамп ја објави својата намера да протера до 3 милиони илегални имигранти. Тој покажа и флексибилност во однос на “Обамакер” – законот кој им овозможува на сите Американци да добијат здравствено осигурување, но чиј начин на функционирање е силно критикуван.