(ВИДЕО) Трамвајот што усмрти 7 лица во Лондон, се движел со голема брзина

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Ова е прва ваква несреќа во Англија од 50-тите години на минатиот век.

1479312699-1-1

Истражните органи напишале во извештајот дека лондонскиот трамвај, во несреќа што се случи минатата недела и загинаа седум лица, се движел речиси четири пати побрзо од дозволеното, соопштија американските медиуми.
Конечниот извештај на Одделот на Министерството за транспорт за истраги при несреќи во лесниот транспорт покажува дека трамвајот се движел со околу 70 км / ч (44 mph) пред кривината, на кој тој се преврте. Максималната дозволена брзина на оваа делница е 19 км / ч (12 mph).

Во несреќата во јужен Лондон загинаа 7 лица и беа повредени околу 50. Засега во извештајот нема податоци за проблем со шините или сопирачките на трамвајот. 42-годишниот возач е уапсен под сомнение за убиство, но е на слобода со кауција. Ова е прва несреќа со трамвај во Велика Британија, кој доведе до човечки жртви, од 50-тите години на минатиот век, забележуваат агенциите.

Во 2002 година во сообраќајна несреќа на брз воз северно од Лондон загинаа седум лица, а беа повредени 70, потсетуваат агенциите.