(ВИДЕО) Триесет и две лица загинаа во свлечиште во Кина

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Најмалку 32 лица загинаа во свлечиште кое зафати неколку села на југоистокот на Кина, по тајфунот Меги.

svlecishte

Спасувачки операции се во тек во селото Сучун во провинцијата Жиѓијанг, јужно од Шангај, откако еден цел рид, ослабен од поројните дождови, се урна над куќи, јавува новинската агенција „Ксинхуа“, додавајќи дека во селото настрадале 26 лица.

Уште шест лица настрадале во селото Баофенг, во истата област, во свлечиште.

Свлечиштата настанаа како последица на поројните дождови од тајфунот Меги, кој ја погоди Југоисточна Кина.

Невремето однесе најмалку пет животи во Кина и на Тајван, а затворени се училиштата и канцелариите, додека стотина летови се откажани.