(ВИДЕО) Циркус во Бугарија: Се расправаа за пенал, влета сопственикот, па испаднаа од лигата!

од Nikola Popovski

Натпреварот од Првата лига на Бугарија помеѓу Царско Село и Локомотива ќе остане запаметен по бизарната сцена која се случи во самиот финиш на натпреварот.

Во тек беше судиското продолжува на натпреварот кога беше досуден пенал за Царско село при резултат 1:1.

Јусуфа Јафа прв ја зеде топката во раце за да ја изведе најстрогата казна, но истата намера ја искажа и капитенот на клубот Мартин Кавдански. Бидејќи не успеаада се договорат, сопственикот на клубот Стојне Манолов се симна на теренот и му наредил на Јафа да ја остави топката.

Гамбиецот тоа не го прифати добро, туку го соблече дресот, го напушти теренот, а потоа ја продолжи расправијата со Манолов на трибините.

Работата да биде полоша, Кавдански го промаши пеналот, а Царско Село испадна од лигата по три години.

Јафа сето тоа го проследи со ироничен аплауз.

Слични содржини