(ВИДЕО) Турска инвазија во Сирија! Дејствуваат авијација, артилерија и оклопно-механизрани единици…

од desk3
138 прегледи

Турски тенсковски единици влегоа во Сирија во рамките на воена операција поддржана од ловци и воени авиони,во предводена од САД меѓународна коалиција против “Исламска држава”, објавија турски воени извори, цитирани од агенциите.

Репортер на агенцијата на границата видел шест турски тенкови во Сирија и соопшти за интензивен оган.

https://youtu.be/tdarHpR8suk

Турција е нанела 224 удари по 63 цели на “Исламска држава”

Истовремено турски борбени авиони и артилерија бомбардираа цели на “Исламска држава” во Северна Сирија како дел од операцијата, која почнала рано утринава.

Поддржани од Турција сириски бунтовнички сили, исто така влегле во Сирија од Турција во рамките на операцијата за чистење на Џараблус од борците на “ИД”, соопшти за Ројтерс командант на сириските бунтовници.

Турската државна телевизија ТРТ и државната Агенција Анадолу исто проширија информации за влез на турски тенкови во Сирија, повикувајќи се на свои извори. Агенција Анадолу не го прецизира бројот на тенковите кои се насочени кон Џараблус со цел ослободување на сирискиот пограничен град од џихадисти.

tursko
Приватната турска телевизија НТВ соопшти дека околу 20 тенкови ја преминале границата. Телевизискиот канал предаде за судири во пограничниот регион.

Во меѓувреме лондонската Сириска опсерваторија за човекови права исто така, објави дека турски тенкови и оклопни возила влегле во Сирија денеска.

Во последните денови Турција објави дека ја менува својата политика за сириската криза, за да се спречи поделбата на земјата по етнички линии. Во името на ова Анкара е подготвена и да прифати барем на почетокот да не биде отстранување од власт Башар ал Асад – нешто за што Турција инсистира од самиот почеток на крвавиот граѓански конфликт.
Интервенцијата е предизвикана од напад на единици на сириската Партија на демократскиот сојуз (PYD), која според Турција чисто и едноставно е сириски клон на а терористичка организација Курдистанска работничка партија (ПКК). Анкара неколку пати предупредува дека ако единицте на PYD преминат на запад од р. Еуфрат и се обидат да се населат во регионот, ќе се интервенира.

Во средата Салех мусли, лидер на PYD, објави во “Твитер” дека Турција заглави во сириското блато и ќе биде поразена на ист начин како што нивните луѓе помогаат “Исламска држава” во Северна Сирија.

Проблем за и Анкара, и за Вашингтон е дека PYD ги поддржува овие курдски единици во нивните операции против исламистите. На 15 јуни Русија соопшти дека работи на план за заеднички активности со САД против “Исламска држава” и дека дискутира со Анкара за прашањето за меѓународна контрола на сириската граница.

Потпретседателот на САД Џо Бајден пристигна денеска во посета на Анкара, а од вторникот претставници на Турција ќе имаат серија разговори со Масуд Барзани – претседател на Курдската регионална влада во северен Ирак. Во програмата на Барзани се средби со претседателот Реџеп Таип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.