(ВИДЕО) Турски борбени авиони “ја обезглавија” ИД во ал-Баб

од desk2
251 прегледи

Најмалку четворица воени команданти на групата “Исламска држава” и над 50 борци се ликвидирани при серија воздушни напади на турските воздухопловни сили во северниот сириска провинција Ал Баб, пренесе “Ројтерс”.

Борбени авиони на Турција уништија 56 згради и три командни центари. Во меѓувреме, западните сојузници уништија утврдувања и оклопни возила на џихадисти во истиот регион.

Турските вооружени сили неколку недели го држат во опсада контролираниот од ИД град Ал-Баб. Анкара пред пет месеци започна вооружена борба против екстремистите по неколку големи терористички чина.

Пред тоа, Турција беше критикувана дека имплицитно и помага на “Исламска држава”. Претставник на опозицијата во Меџлисот директноја обвини владејачката Партија на правдата и развојот дека направила огромна грешка со односот кон групата.