(ВИДЕО) Tурскиот премиер ja соопшти важна меѓународна вест по средбата со Путин

од Vladimir Zorba
84 прегледи


Анкара прави се за постигнување договор меѓу сириската опозиција и Русија, и ако се потпише документ, тоа ќе биде корисно за сите, но е императив руската влада да го зајакне притисокот врз сириската власт за да се дојде до прекин на огнот. Ова го изјави премиерот Бинали Јилдирим, во интервју за руската агенција Интерфакс, за време на посетата на Москва.
Според Јилдирим заедничката цел е спасување на луѓето во Сирија и ако крвопролевањето се прекине, ако постои таква можност, Турција е подготвена да направи се за постигнување на мирот во Сирија.

Прашањето сепак што би можела да вклучува овој договор кој е исклучително сложен, Анкара ги обезбедува сите услови за остварување на контактите меѓу претставниците на сириската опозиција и на Руската Федерација, и во овој план веќе се присутни многу добри успеси.

Колку позицијата на Анкара е цврста во однос на судбината на Башар Асад, остранувањето претставува фактор за регулирането на кризата – за Турција главната задача е зачувувањето на територијалниот интегритет на Сирија, а потоа нека самите Сиријци одлучат каков вид на систем на управување ќе биде најмногу најдобро за нив.

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека настапила една нова ера во односите меѓу Москва и Анкара.

Интервјуто за руската медиум најде широк одек во турските електронски изданија.