
Барањето на Ердоган за затворање на училишта, медиуми и фирми е тест за Македонија и нејзината сувереност. Затоа изјавата на министерот за внатрешни работи Чавков дека Владата бара правни и законски механизми да ја поддржи политиката на турската влада е уште еден шок за правните и економските експерти, информира Телма.
Странска држава може да бара покренување истрага ако има некакви индиции на пример за тероризам, но не може да бара ликвидација на компании, вели економскиот експерт Павле Гацов.
Во македонските компании од списокот на Ердоган за наводна поврзаност со движењето на Фетула Ѓулен се чудат зошто се на списокот.
Сопственикот на “Башар Турс”, Омер Фарук Али преку чија агенција илјадници туристи од Турција доаѓаат во Македонија очекува македонските институции да постапат согласно домашните закони.
-Македонија е независна држава, има систем, Влада, инспекции. Една независна и суверена земја има начини како да ги провери сите фирми дали работат според законите и прописите. Нашите врати се отворени и во секој момент може да не проверат. Тоа им е работа. Но една странска држава, јас сум Турчин, тоа нема право да го бара, вели Омар Фарук Али.
Целиот текст може да се прочита тука