
САД го упатија денеска носачот на авиони „Роналд Реган“, заедно со уште неколку борбени и помошни бродови кон брегот на Јужна Кореја, каде што треба да се одржат заеднички воени вежби. Целта на операцијата е да одговори на отвораната агресивна политика на КНДР и истрелувањето на балистички проектили.
Ударната група ќе пристигне во Јапонското Море кон средината на октомври, објавија новинските агенции. Заедно со носачит на авиони во групата влегуваат ескадрила миноносец, вооружен со комплекси за противракетна одбрана, нуклеарна подморница и ракетен крстосувач.
Датумот на започнување на операцијата е 20 октомври. Ситуацијата на Корејскиот полуостров останува крајно напната, поради тоа што не запирааат обидите на Северна Кореа да ја развива ракетната програма и периодично да истрелува ракети.
Степенот на напнатост се зголемува уште повеќе кога САД и Јужна Кореја најави дека ќе спроведат заеднички воени маневри.