ВИДЕО: УМС на ВМРО-ДПМНЕ се обиде да направи контра-шарена револуција

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Откако скоро еден месец граѓаните од цела Македонија протестираат по одлуката на претседателот Иванов за аболиција на политичарите, и на улиците ја создадоа Шарената револуција, денеска УМС на ВМРО-ДПМНЕ се обиде да направи контра-шарена револуција.

spomenik11evro1

Тие фрлаа боја на таканаречен споменик на 1 евро, направен од стиропор, како што кажаа „во чест на Шарената револуција“.

Нивниот „споменик“ треба да го симболизира случајот за наводен поткуп во кој е вклучен лидерот на СДСМ, Зоран Заев, случај за кој беше помилуван од страна на Иванов. Сепак, Заев веднаш покрена жалба за аболицијата и најавува дека ќе се жали се до Стразбур за да се укине аболицијата и на суд да ја докаже својата невиност.

Од УМС, иако реагираа на Шарената револуција, сепак не кажаа дали се за или против аболицијата со која се опфатени највисоките претставници на нивната партија, а никој од нив не ја обжали.

Денеска и неколку жени се појавија кај Триумфалната порта со средства за чистење и се обидоа да ја исчистат. Не е познато кои се и како се организирале, но на социјалните мрежи се појавија информации дека се работи за членки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Триумфалната неколку пати досега беше мета на Шарената револуција која се бори за правда и е против расфрлањето со народни пари за споменици додека владее сиромаштија, а граѓаните мора да собираат пари за лекување на деца.

Слични содржини