ВИДЕО: Уште го нема Василевски од ДПМНЕ – кој ќе сноси одговорност за отворањето на собраниските врати?

од Vladimir Zorba
133 прегледи

Помина една недела од насилството во Собранието, а ниту еден пратеник од парламентарното мнозинство не е повикан во полиција за да раскаже што видел тој ден. Во полиција не се повикани ниту Крсто Мукоски, Сашо Василески и Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ, пренесува ТВ21.

На снимките кои се појавија во јавноста јасно се гледа како овие тројца пратеници ги пречекуваат демонстрантите кои ги нападнаа пратениците на парламентарното мнозинство.

Освен тоа, на снимките се гледа како пратеникот Сашо Василевски ги отвора собраниските врати и ги прегрнува

демонстрантите кои влегуваат внатре.

 

 

 

Вториот пратеник е  Крсто Мукоски кој исто така го нема.

Василевски веќе неколку дена е недостапен за новинарите, а не е виден ниту во неговиот партиски штаб.

Откако ќе се затворат собраниските врати од надвор речиси е невозможно да бидат отворени, велат припадници на обезбедувањето на законодавниот дом. Доколку некој од внатре не интервенираше, тогаш демонстрантите немаше да влезат.

Членовите 384 и 385 од Кривичниот законик се многу јасни. Луѓето кои учествуваат во толпа која ќе предизвика материјална штета или насилство врз други лица се казнуваат со по 3 месеци до 5 години казна затвор.

Според членот 8 од Законот за пратеници, на пратеникот може да му се одземе мандатот ако извршил кривично дело со кое се предвидува затворска казна од најмалку 5 години. Но, според членот 17 од истион закон, пратеникот не може да биде притворен без Собранието да даде одобрение за такво нешто.