(ВИДЕО) Уште три последователни потреси по земјотресот со магнитуда 7,4 во Непал

од desk3
110 прегледи

Три последователни потреси се регистрирани по силниот земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала во Непал, покажуваат податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Последниот потрес е со сила 6 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 10 километри. Епицентарот е на 95 километри источно од непалската престолнина Катманду и 47 километри југозападно од Намче Базар, во близина на Монт Еверест.

Претходно во истата област беа регистрирани два последователни потреси со магнитуда од 5,6 и 5,5.

Силниот земјотрес бил почувствуван во главниот град Катманду и натерало илјадници жители да излезат на улиците, пренесе Ројтерс.

Локален продавач изјави дека потресот бил почувствуван многу силно. Луѓето излегле од зградите, но засега нема информации за материјални штети. Епицентарот беше блиску до базниот камп на Монт Еверест, кој беше евакуиран по катастрофалниот земјотрес од 25 април.

Во Северна Индија и индиската престолнина Њу Делхи исто така го почувствувале земјотресот, а зградите се лулале над минута.