(ВИДЕО) Уставен ќе одлучува дали е легален изборот на командирот на полицијата во Прилеп со завршен Факултет по физичко образование

од desk3
84 прегледи

Денеска до Уставниот Суд поднесуваме иницијатива за поништување на изборот на Командир на Полициската станица Прилеп.

Повеќе од еден месец Полициската станица ја раководи aлице со завршен Факултет по физичко образование, спротивно на законот!

Во чл. 24 ст.2 од Законот за полиција јасно стои дека за командир може да биде избрано лице само со завршено соодветно високо образование, односно било кој Факултет од областа на безбедноста, но никако Факултет за физичко образование!

Митко Чавков директно го прекрши Законот кога го предложи, а Советот на општина Прилеп го прекрши законот кога незаконски го избра ова лице за командир.

Ваквиот избор е нелегитимен и ја нарушува безбедноста на прилепчани. Затоа нема поддршка од опозицијата.

Го повикуваме Уставниот суд во најбрз рок да се произнесе за законитоста на решението за Командир на прилепската полиција.

Професионалците мора да застанат на чело на прилепската полиција. Законите мора да важат подеднакво за сите.

Правда мора да има и ќе има!